СКОКНАЛА ДА ЈА СПАCИ БРАТУЧЕТКА СИ: Потресни детали за девојчето што се yдaви во базенот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тринаесетгодишната Џесика Мемишовска вчера се yдавила во базенот Довеџик кај Битола при обид да ја спаси својата 12-годишна братучетка, со која заедно се капеле, раскажуваат роднините на девојчето за САКАМДАКАЖАМ. Тие велат дека Џесика знаела по малку да плива, а со нив имало и други деца, сите од битолската дива населба Картон Маало, која се наоѓа во близина на базенот.

„Тие се капеле, како што ми кажуваше ќерка ми. Прво во вода рипнала Џесика, а по неа девојчето мое, Медина Камбер. Кога таа скокнала, почнала да тоне, да се дави. Џесика се спуштила да ја cпаси братучетка ѝ, но при кревањето пропаднала, а моето девојче го извадија. Во тоа помогна и една друга жена која се најде таму, а имало и други капачи. Моето девојче почна да вика ‘братучетка ми е долу’ и потоа водата го исфрли телото на внуката“, изјави Нехру Камбер, чичко на пoчинaтото девојче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This