Скопје под посебен режим три денови – најавени протести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За утре (19 февруари), понеделник (22.02) и вторник (23.02) во период од 14.00 до 17.00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови, информираат од МВР.

Протестот е планиран на крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски, улицата 16-та Македонска бригада и улицата Интернационални бригади.

Поради тоа, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници.

Воедно, од ресорното министерство апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Сопствениците на рестораните за свадби, крштевки и други веселби бараат Владата ја укине забраната за нивна работа и да донесе протокол за вршење на нивната дејност пред сезоната за венчавки.

Тие апелираат до Владата да не ги држи во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона, како и претходната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This