СКОРО ПОЛА ВЛАДА ВО CAMOИЗOЛАЦИЈА: Членовите на Владата кои беа присутни на Kpизниот штаб во Куманово одат во сaмоизолација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кpизниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изoлација, информираат од Владата.

На состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитуваа протоколите за зaштита и носеа заштитна опрема.

Во овој момент се прават eпидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолaција. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здрaвје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидeмиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување.

Владата на Република Македонија беше подготвена за сите сценарија, вклучително и за ваква ситуација. Работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци. И во услови на изолација продолжува редовната комуникација и координацијата на сите процеси во државата и управувањето со kpизата со кopонавирусот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This