СЛАЃАНА МИТОВСКА: Кога граѓаните ќе ја видат германската инвестиција која што Владата ја најави дека ќе стартува до крајот на јануари 2019 година?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница постави неколку прашања до владините претставници. Таа изјави дека за да се покрие неуспехот од функционирањето на правниот систем кој што го власта го ветила пред иборите, денеска имаме ситуација каде со црни возила власта им се заканува на судиите. Во Република Македонија нема правна држава и граѓаните не ги гледаат најавените инвестиции од Владата, вели Митовска.

Првото прашање пратеничката го постави до претседателот на Владата: На почетокот на 2019 година најавивте дека во првиот квартал годинава ќе имаме нови странски инвестиции, од кои едната е германска и истата требаше да биде објавена до крајот на месец јануари. Дури не пропуштивте да се пофалите дека сте разговарале со советникот од кабинетот на канцеларката Меркел, односно името на германската канцеларка го искористивте за дневно политички поени.

Митовска истакна дека месецот јануари помина, но ние немаме сеуште ништо од најавената германска инвестиција. Исто како што немаме ништо од најавените инвестиции во предизборниот период од Гугл и Фејсбук.

-Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат нашата држава и тоа не се должи на фактот што сеуште не сме членки на Европската унија и НАТО, туку на фактот што во Македонија имаме корумпирана влада, висок степен на корупција, нема владеење на правото и има целосно отсуство на правна држава, вели Митовска.

Пратеничката праша кога граѓаните ќе ја видат германската инвестиција која што Владата ја најави дека ќе стартува до крајот на јануари 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This