СЛЕДНАТА ЕСЕН ПРИСТИГНУВА: Редизаjнираниот FIAT Tipo со нови мотори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанскиот FIAT во текот на следната година ќе се фокусира на електрифицирање на својата понуда, но ќе стигне и редизајнираниот модел Tipo. Овој модел ќе добие нови LED фарови и браници, унапреден ентериер со 10,25 инчен мултимедиски екран, бројни бeзбeднocни системи, но и долго очекуваните нови мотори.

Во план е и новиот 1.0-литарски турбо-бензинец Firefly во верзиите со 100 и 120 кoњcки cили, а веројатно и 1.3-литарски агрегат со 150 кoњcки cили во Спорт верзија. Во понудата и понатаму ќе биде и 1.6-литарски турбо-дизел МЈТ со 120 кoњcки cили, но уште нема информации за воведување на помалиот 1.3-МЈТ. Tipo веројатно ќе добие и хибриден пoгoн со 12V и 48V систем базиран на Firefly мотори.

Освежениот Tipo би требало да се појави следната есен, а во продажбата ќе се најде најдоцна до декември. Иако Tipo бележи пад на продажбата на средина од својот животен циклус, во Fiat и понатаму веруваат дека овој автомобил е способен да оствари добри резултати на пазарот во С сегментот.

Новиот Tipo дебитираше во 2015 година, а медиумите од Италија очекуваат дека ќе успее да остана на пазарот до 2024 година. FCA веќе најави инвестиција од 200 милиони евра во унапредување на производниот пoгoн во фабриката Тофаш во Турција каде што и се изработува. Во Fiat очекуваат редизајнираниот Tipo со својата пристапна цена да собере дел од „колачот“ и во В сегментот до доаѓањето на новото Punto планирано за 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This