СЛЕДУВА МАCOBНО ТЕСТИРАЊЕ: Во Србија трета жpтвa од кopонавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека трето лице починало од коронавирусот во Србија. Станува збор за жена од 60 години што немала тешка клиничка слика.

Вучиќ најави и нови мерки што ќе бидат донесени во Србија по повод коронавирусот.

Ќе почнеме со масовни тестирања, а очекувајте тие да почнат за околу 48 часа. Имаме доволно тестови за првите неколку дена, а во меѓувреме ќе добиеме уште тестови“, кажа Вучиќ.
Тој објасни и зошто се преземаат новите мерки.

Тоа е како кога имате гангрена на ногата и секој ден успешно отсекувате по милиметар од гангрената, а таа се шири. Затоа целта е да опфатиме што повеќе луѓе. Кога тоа ќе го направиме, ќе зафатиме дел од речиси здравото ткиво. Кога ќе го направиме тоа, организмот ќе биде здрав“, објасни српскиот претседател.
Тој истакна дека експертите од Кина не сметаат дека треба да се продолжува полицискиот час, но дека е потребна дисциплинираност кај граѓаните.

Доволно е 21 до 27 дена да седиме дома. Само од нас зависи. Ако не бидеме дисциплинирани, никогаш нема да дојде крај, кажа Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This