СЛОБОДЕН ИЗВОЗ НА СРПСКИ ПРОИЗВОДИ: Евроазиската унија ќе ги укине царинските давачки и ќе го отвори својот пазар за Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Евроазиската унија наскоро ќе го отвори својот пазар од 180 милиони потрошувачи кон Србија со што ќе се овозможи  извоз на месо, млеко, овошје, сирење, цигари и алкохолни пијалоци без царински давачки.

Рускиот министер за економски развој, Максим Орешкин, потврди дека преговорите за воспоставување на слободна трговска зона се при крај и дека наскоро ќе се официјализираат со потпишување на спогодба. Се очекува формалното потпишување да се случи на Евроазискиот меѓувладин самит кој треба да се одржи кон крајот на април, иако извори кажуваат дека спогодбата би можела да се потпише уште во март.

Ова го потврди и Чепурин на својот твитер профил.

Членки на Евроазиската унија се Белорусија, Казахстан, Русија, Ерменија и Киргистан.

Со спогодбата ќе се обезбеди слободен влез на голем број на српски производи во овие земји.

„Во март ќе се одржи финална рунда преговори кога ќе се договорат условите и можеби дури и ќе се потпише спогодбата. Кога ќе се воспостави слободната трговска зона ќе можат да се извезуваат 99% од српските производи на пазар од околу 180 милиони потрошувачи“, изјави Љајиќ.

Слободната трговска зона нема да се однесува на извоз на автомобили, автомобилски делови, живина и шеќер.

„Сепак тоа е огромна шанса за српските производители земјоделско-прехрамбените производи за кои царината на извоз од нула денари им е од огромно значење“, додаде Љајиќ, нагласувајќи дека покрај во ЕУ, сега ќе можат да се прошират и кон исток.

„Со Русија веќе извесен период имаме посебен трговски режим, но оваа спогодба ќе ги прошири тие привилегии и на останатите земји од оваа унија. Сѐ што може да го зголеми обемот на трговија за нашата земја е одлична вест и треба да се искористи. Најверојатно најмногу ќе извезуваме прехрамбени производи, односно овошје, објасни Маџар.

„Нашите производители ќе имаат поволни услови за извоз што дополнително ќе ги стимулира. Најважно е што ќе имаме пазар на кој ќе можеме да ги пласираме нашите производи, и се надевам дека ќе успееме да обезбедиме доволно за побарувачката на овој огромен пазар“, заврши Ковачевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This