Словачка ќе дава по 300 евра на граѓаните за бустер доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачка со 46,5 отсто вакцинирано население заостанува зад просекот во ЕУ кој изнесува 66,8 отсто

За да ја зголеми стапката на имунизација, Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат против коронавирус или ќе примат „бустер“ доза.

Словачкиот парламент денеска даде зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се пренамени за паричен поттик.

Според одлуката, оние кои ќе примат „бустер“ доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека граѓани над 60 години кои ќе аплицираат прва доза до тој датум ќе добијат 200 евра.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од вкупното словачко население, 46,5 отсто е целосно вакцинирано, што е под просекот на ЕУ од 66,8 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This