СЛОВАЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ ЈА ПОВЛЕЧЕ СВОЈАТА ОСТАВКА: Мирослав Лајчак останува министер откако доби гаранции од премиерот Пелегрини дека нема да го промени односот кон мигрантите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја повлече својата оставка и останува на функцијата, соопшти Министерството на својата веб страница.

Тој поднесе оставка во знак на несогласување со одлуката на Парламентот во Братислава дека земјата не треба да го потпишува Глобалниот договор на ОН за миграција.

Лајчак денеска изјави дека ја сменил одлуката за оставка, откако добил уверување од премиерот Петер Пелегрини дека Словачка нема да го смени својот курс на надворешна политика.

Тој ја објаснува одлуката да остане на чело на словачката дипломатија и со своето чувство за одговорност во врска со претстојното претседателство на Словачка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

До септември годинава Лајчак беше претседател на 72-та сесија на Генералното собрание на ОН и учествуваше во изработката на Договорот за миграција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This