Словенија привpeмено ја cycпендира вakцинациjaта со „Џонсон и Џонсон“ : 20 годишна девојка пoчинa од мозочен удap две недели по вakцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенија одлучи привремено да ја прекине вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, сѐ додека не се разјаснат околностите за смртта на 20-годишна девојка која починала од мозочен удар две недели по вакцинацијата.

„Се случи сериозен несакан настан по вакцинацијата и случај кој заврши трагично. Изразувам сочувство до роднините на починатата“, рече министерот за здравство, Јанез Поклукар.

Тој додаде дека затоа владата, по предлог на експертската група, донела одлука за привремено прекинување на вакцинацијата со вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Вакцинациите со оваа вакцина нема да бидат достапни сѐ додека стручна комисија не ја испита медицинската документација и не утврди дали смртта на 20-годишната девојка е поврзана со вакцината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This