Слуга ја огpaбил кралицата Елизабета, завршил во затвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Англиските медиуми објавија дека во Бекингамската палата се случила кражба, но натрапникот не бил поштеден од казната која си ја заслужил.

Вработениот Адамо Канто добил осум месеци затвор на суд во Лондон, откако признал дека од кралскиот дворец украл предмети и дел од нив ги продал на „eBay“. Канто работел пет години во кралската резиденција, како дел од тимот во „секторот за исхарана“, а кражбите за кои е осуден се случиле помеѓу ноември, 2019-та година и август, 2020-та година. Уапсен е кон крајот на декември.

Како што пренесуваат британските медиуми, тој украл голем број предмети, а дел од нив полицијата ги пронашла во неговата соба каде што живеат работниците на дворецот.

Меѓу предметите се потпишани официјални фотографии од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, и фото-албумот со кралскиот банкет по повод посетата на американскиот претседател Трамп.

Пандемијата на коронавирусот, за време на која бил распореден и на други должности, му помогнала да влезе во канцелариите и просториите во кои инаку не би имал пристап.

Канто признал и дека украл неколку медали, брош, два златни ланци за џебни часовници, лимитирано издание на џебен часовник, свилени пижами, славниот Самсунг мобилен телефон направен посебно за принцот Ендру, кој го опишуваат како „првиот телефон на преклопување на светот“ и многу други скапоцени предмети.

Часовникот Канто го продал за 650 долари.

Обвинителот рекол дека се украдените предмети во вредност помеѓу 14.000 долари и 150.000 евра, продадени се на „eBay“, а 37 предмети кои нашле свој купувач биле продадени далеку под нивната реална вредност.

Досието на посрамотениот работник дотогаш било беспрекорно, а на кражба се одлучил бидејќи бил во долгови. Палатата не го коментирала случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This