Снежна покривка од 10 сантиметри е формирана на Маврово, Крушево и Берово 4, Пожаране 3, Претор, Лазарополе и Крива Паланка 2 и еден сантиметар снежна покривка формирана е во Демир Капија, Штип, Виница, Тополчани и Ѓуриште.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
1 Ѓуриште, Д. Капија, Штип, Виница, Тополчани, 2 Претор, Лазарополе, Кр. Паланка,
3 Пожаране, 4 Берово, Крушево, 10 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-10 Маврово, -7 Крушево, -6 Лазарополе, -5 Пожаране, Ѓуриште, -4 Тополчани,
Берово, -2 Кр. Паланка, Прилеп, Виница, Охрид, Дебар, -1 Тетово, Битола, Претор, 0
Штип, Скопје, 1 Струмица, Д. Капија, Скопје Петровец, 2 Дојран, 3 Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Облачно и студено речиси насекаде со врнежи од снег со слаб до умерен
интензитет.Во текот на ноќта врнежите од дожд поминаа во снег и на пониските
места. На повисоките места и планините во западните делови, врнежите се со
умерен интензитет и се формира снежна покривка. Дува умерен ветер од северен
правец , особено во Штипскиот регион и северниот дел на Повардарието, и на
моменти достигнува брзина од околу 40 км/час.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од
снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна
покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми.
Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4
степени.
Скопје Облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб интензитет. Ќе дува
умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 2 степена.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Потоа следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во
среда и четврток утрата ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени.