Собранието денеска нема да заседава – одложени двете пленарни седници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Собранието на Републи Македонија информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86. и 88. седница, но не ги наведуваат причините.

На продолжението на 86-та седница требаше да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците, меѓу останотото, на ова седница треба да расправаат и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

На дневен ред на 88. седница на Парламентот, меѓу другото беше и расправата за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите Предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This