СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Ова се препораките за безбедност при земјотрес на „Нешнл Џиографик“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотресите се релативно честа природна појава, тресењето под земјината се случува илијадници пати секој ден. Но, големите земјотреси се далеку поретки. Ова се неколку совети како да се припремите за земјотрес, и што да направите кога ќе почне тресењето. Ова се совети препорачани од научното општество „Нешнл Џиографик“

zemjotres_aftermath

Безбедносни совети

  • Имајте план за итна постапка за време на земјотрес
  • Консултирајте се со професионалец за тоа како да го направите вашиот дом посигурен, поцврст преку структурни доработки или зацврстување на предметите кои би можеле да предизвикаат повреди при паѓање (полици, шкафови итн)
  • Секогаш при рака да имате залиха од конзервирана храна, прва помош, најмалку 10 литри вода по лице, маски за заштита од прашина и заштитни очила, светилка, ради-врска
  • Бидете спремни и научете како се исклучуваат доводите на гас, вода и струја
  • Кога ќе почне тресењето

          • Останете внатре додека не престане тресењето и додека не се осигурате дека е безбедно да излезете (ова не важи за оние чиј пристап до излезот е близу)
          • Останете онастрана од мебел, полици кои би можеле да паднат врз вас
          • Тргнете се од прозорците. Во високкатнците, очекувајте да се вклучат противпожарните аларми и да се исклучи струјата
          • Ако сте во кревет, останете таму и покријте ја главата со перница. Доколку креветот има простор сокријте се под него
          • Ако сте надвор, најдете чистина, подалеку од градби, дрва и бандери. Легнете земја
          • Ако сте во автомобил, успорете, и возете до чистина. Избегнувајте тунели и надвозници, бандери и дрва. Останете во автомобилот додека не престане тресењето.
          • Најважно од се, не кревајте паника!

            Останете безбедни!

    Latest News

    Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

    Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

    More Articles Like This