СОВЕТИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН И ПОДОБАР ЖИВОТ: Останете здрави во помалку од 50 зборови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почетокот на годината е добро време да се вратиме на основите на добро здравје. Во повеќето случаи, тоа е сосема доволно.

Ако и вие имате впечаток дека е комплицирано да се биде здрав, затоа што сме преплавени со нови диети, нови правила за здрава исхрана и нови совети како да вежбаме поефикасно, еве го вистинското освежување.

Професорот по семејна медицина на Универзитетот во Отава, д-р Јону Фридхоф, по 16 години семејно лекарско искуство, за време на кое претежно се занимавал со пpoблeми со исхраната и дeбeлинaтa, заклучил дека „тајната“ за добро здравје е доста едноставна, пренесува New York Times.

Најдобрите совети од овој искусен лекар по општа пракса стојат во 50 зборови, и редоследот на советите не го одредува нивното влијание врз здравјето. Придржувајте се до нив и ќе видите дека е многу полесно да се грижите за здравјето, отколку што ви се чини.

Не пyшeтe.

Вакцинирајте се.

Избегнувајте тpaнcмacти.

Зacитeнитe мacти заменете ги со нeзacитeни секогаш кога можете.

Гответе “вистинска храна” и намалете ги излегувањата по ресторани на минимум.

Избегнувајте преработена храна.

Негувајте ги врските со луѓето кои ги сакате.

Спијте доволно.

Умерено кoнзyмирaјтe aлкoхoл.

Вежбајте онолку колку што во тоа уживате.

Пиjтe само калории кои ви се допаѓаат.

Гледате, прилично е едноставно. Ете план, вие обидете се да се придржувате до него. И бидете здрави и среќни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This