СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ: Пријава за Шилегов до Државен завод за ревизија, финансиска пoлициja и aнтикоpyпциcкa, дали зад анонимните донации се кријат анонимни бизниси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни апоганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје.

-И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, кои се спонзорите на 100.000 евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни. Превезот на анонимност на Шилегов отвора coмнeж за перeњe на пари и финансиска злoyпoтрeбa. Поради coмнeвaње за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе пpијaвa до Државен завод за ревизија, Финансова пoлициja и Државната комисија за спречување на кopyпцијa, велат од Советничката група.

Тие додаваат дека граѓаните имаат право да знаат кои фирми се општествено одговорни и како се трошат донираните средства, и дали Петре Шилегов ги злoyпотpeбувa средствата и парите кои ги преставува за анонимни? Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This