СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ: Љубица Јанчева која бpyтално недвосмислени и свесно ги kpши процедурите на работа на градскиот совет да си поднесе итна оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на советот на општина Центар, Јана Белчева, се повлече од функцијата поради тоа што не сака да биде послушник и слеп аминувач на одлуките на советот на општина Центар. Кога веќе тоа се случи следен на ваков потег треба да биде претседателката на советот на град Скопје Љубица Јанчева која бpyтално недвосмислени и свесно ги kpши процедурите на работа на градскиот совет, порачува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Советничката група јавно ја повикува Љубица Јанчева да се повлече од функцијата претседателка на советот бидејќи во својата безмалку тригодишна работа грyбо ги kpши процедурите и преставува слеп послушник на погрeшните политики на Петре Шилегов.

-Таа дојде на оваа позиција во исто време додека нејзиниот сопруг е Генерален секретар на Државната Изборна Комисија кој ги брои гласовите на граѓаните. Јанчева свикува вонредни седници на кои треба да поминат годишни планови на јавни претпријатија за кои не сака да се дискутира во јавноста. Далеку од очите на јавноста турка вонредни седници и без исполнети критериуми по скратена постапка става точки за гласање на дневен ред. Таа преставува продолжение на едноумието и шарлатанизмот на Петре Шилегов и негов слуга, наместо заштитник на интересите на Скопјани. Воедно нејзината улога во гушење на демократијата и дебатата во Советот е најистакнато после тоа на Петре Шилегов. Таа е слеп аминувач и на cомнителните зделки за криминал на Шилегов. Советот на град Скопје на чело со Јанчева исто како и Шилегов за прв пат од поновата историја не го одбележа 4 мај, погибието на народниот херој Гоце Делчев, истакнуваат тие.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ порачува: Овој тандем е срам за градот Скопје и затоа Љубица Јанчева исто како и Шилегов за доброто на градот потребно е да си поднесат оставки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This