СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЕЛЕС: Се истумбал, па иако повреден сам повикал брза помош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајка на патот пред селото Дреново се случи претпладнево околу 11 часот, во која е повреден 27-годишниот М.Б од село Јаболчиште.

Како што информираат за МИА од СВР Велес, повредениот со своето возило самиот излетал од патот и се превртел со возилото на кровот, потоа излегол од возилото и самиот повикал Итна помош од Велес. Во меѓувреме неговите роднини го зеле со возилота екипата на велешка Брза помош го пресретнала на патот Дреново – Лисиче и му укажала прва помош.

Васе Панова од Службата за Итна Помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека веднаш му била укажана прва помош.

– Надворешно немаше поголеми повреди, а се жалеше на болки во градите, најверојатно поради нагмечувања од воланот, појасни Панова. Тие со возило на Итна помош повредениот 27-годишен М.Б го однеле итно во велешката Општа болница, каде ќе биде снимен на рендген за да се утврдат повредите.

СВР Велес е на увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This