СООБРАЌАЈКА НА ,,ПРВОМАЈСКА“: четири лица повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа околу 22:15 часот се случи на булеварот „Борис Трајковски“.

soobrakajki

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобили „Шевролет Спарк“ управуван од скопјанката Т.В. (27) и „Опел Корса“ управувана од 25 годишниот Б.Ч. од скопско Студеничани.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците, С.С. (35) и Е.Р. (22). Девојката и сопатникот С.С. биле пренесени во Ургентниот центар каде им се контатирани полесни повреди и се задржани на лекување. Со полесни повреди поминале и другиот возач и сопатникот Е.Р. кои исто така се задржани на лекување со ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На местото на несреќата полицијата изврши увид.

претходниот член,ДЕНЕС ТОПЛО ВРЕМЕ
Следната статијаСОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This