СООПШТЕНИЕ НА МААК: Поради лажни тврдења на британските служби, македонските слуги на НАТО ја туркаат државата во непријателство кон други држави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, поради наводно солидаризирање со Велика Британија во случајот за кој сеуште нема докази, а оние што ги има упатуваат кон САД и Хилари Клинтон, реагираше и политичката партија МААК

Соопштението го пренесуваме во целост:

„Националниот Комитет на МААК и укажува на целокупната македонска јавност дека по вторпат – прво: заради лажни тврдења на британските тајни служби; второ: заради желбата на владеачките структури во Република Македонија по секоја цена да бидат слуги на НАТО милитантните глобалисти,Република Македонија е втурната во опасно непријателство кон други држави.
Имено,заради веќе докажано лажните тврдења на британските служби за поседување нуклеарно оружје од страна на власта на Садам Хусеин во Ирак,Република Македонија,преку “Партнерството за мир”,беше дел од окупаторските НАТО сили во таа држава и дел од непријателите на недолжниот ирачки народ.
Денес,заради непоткрепените со докази изјави на истите тие британски служби,а во желбата да се биде “поголем папа од папата”,квинслишката,нелегитимна Влада на РМ,со ништо предизвикана,креира дипломатско непријателство со една од земјите членки на Советот за безбедност при ООН,Руската Федерација,фрлајќи ја Република Македонија “на линијата на огнот”,според желбата на креаторите на американската стратегија од времето на Обама-Клинтон владеењето.
Затоа,по којзнае кој пат повторуваме дека членството во воената НАТО организација,покрај големите трошоци за државата,не претставува ништо друго,туку единствено некој друг,заради свои интереси,да ни определува непријатели и,според сопствени потреби,да ја фрла нашата држава и нашиот народ на линијата на огнот. Неодамна,како “непријатели” ни ги определија Ирак и Авганистан,денес Руската Федерација. Не можеме ни да претпоставиме кој ќе биде утре или задутре.
МААК,токму заради тоа,го повикува македонскиот народ во остварување на една од основните заложби на партијата,зацртана уште во 1990 година,за НЕУТРАЛНОСТ и ДЕМИЛИТАРИЗАЦИЈА на Република Македонија,под покровителство и со гаранции на Советот за безбедност при ООН.
МААК и укажува на македонската јавност,но и на целокупната меѓународна заедница,доколку искрено посакува мир на Балканот,дека само така Република Македонија ќе биде самостоен и независен субјект во меѓународните односи,но и гарант на мирот,наспроти се уште неизживеаните големодржавни политики на одредени балкански држави.
МААК ги повикува сите политички субјекти во Република Македонија да се заложат единствено за ПРОМАКЕДОНСКА политика,бидејќи врховизмот е еден и ист без разлика дали доаѓа од Софија,Белград,Вашингтон или Москва.
Токму затоа,под мотото “СОГОВОРНИК СЕКОМУ – СЛУГА НИКОМУ”МААК јасно дава на знаење дека наспроти желбите на политичките профитери за членство во една или друга структура,единствена сигурна иднина за нашата држава е НЕУТРАЛНА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.“ – стои во соопштението на МААК.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This