СОРОС ОРГАНИЗИРА ПРОТ ЕСТИ ВО БУДИМПЕШТА:Орбан не попушта,универзитетот основан од Џорџ Сорос, ќе биде дислоциран од Унгарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници студенти излегоа денеска на улиците на Будимпешта за да побараат заштита на академските слободи и промена на владините мерки поради кои универзитетот основан од страна на американскиот милијардер, Џорџ Сорос, треба да биде дислоциран од Унгарија.

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1. декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

ЦЕУ речиси три децении нуди американски факултетски програми за илјадници студенти од поранешните социјалистички земји од Источна Европа.

Демон странтите се собраа пред историските градби на брегот на Дунав и порачаа дека мора да се одбрани академската средина која ја симболизира ЦЕУ, а која ја слави слободата на говорот и отворената дебата.

На демонстрациите беа присутни и студенти од други факултети во земјата.

ЦЕУ планира да ги префрли своите студии во Виена по долгата бор ба со владата на Орбан, која доведе до законски измени за кои многумина сметаат дека се дизајнирани токму на штета на ЦЕУ.

Конзервативната унгарска влада долго време го обвинува Сорос, роден во Унгарија во еврејско семејство, дека сака да ја уни шти европската цивилизација со прифаќање на стотици илјади мигранти на континентот. Сорос пак тврди дека неговата поддршка за мигрантите е дел од хуманитарните мисии во кој е вклучен.

Многу е веројатно дека на крајот неговиот универзитет сепак ќе биде преселен, бидејќи Владата на Орбан не покажува никакви знаци на попустливост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This