СОСТОЈБАТА Е АЛAPМАНТНА: Се трошат последните патни исправи, нови дури после 15 март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пpoблемот со личните карти засега се менаџира на задоволително ниво. Има одреден застој, но во однос на личните карти и возачките дозволи мислам дека пpоблемот ќе го надминеме овие денови. Меѓутоа, алaрмaнтна е ситуацијата во областа на патните исправи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е на лошо и планирање и анализа на потребите на МВР од патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси од 30 дена, рече Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период.

Посочи дека се во преговори сме со германската фирма „Веридос”, која е добавувач на обрасците за лични документи.

– Во текот на оваа недела ќе сондирам точно колку е алармантен проблемот, меѓутоа веќе е алармантен и на почекот на идната недела ќе имам посебна изјава или прес токму на оваа тема – патни исправи, најави министерот за внатрешни работи Чулев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This