СО ДВА ФАКУЛТЕТИ ИЗБРКАНА ОД РАБОТА: По кои критериуми новиот градоначалник вработува и брка луѓе од работа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По кој критериум сме одбрани да не ни се продолжи договорот? Јас сум човек кој има завршено два факултета на државен универзитет, сега и ќе магистрирам, имам и многу доедукации и сметам како еден високообразован кадар дека во таква институција би била потребна.

Ова за Сител ТВ го изјави една од 42 вработени во општина Карпош кои останаа без работа. На 31 октомври по завршување на работното време им пристигнала СМС порака од Агенцијата за посредување дека нивниот работен однос е прекинат.

Лицата вработени во различни сектори меѓу кои со средно и со високо образование обвинуваат дека се работи за партиски реваншизам и прашуваат по кои критериуми биле токму тие селектирани да им заврши работниот однос.

Меѓу нив сe лица пред пензија, родители на малолетни деца, лица чија плата од општината била единствен извор на егзистенција. Револтирани се што новиот градоначалник не ги повикал да им образложи зошто останале без работа.

Градоначалникот Стефан Богоев ги демантира изјавите на отпуштените работници. Тој тврди дека се работи зa луѓе кои не биле редовни на работа. Според Богоев општината е пренатрупана и во неа има повеќе вработени од било која друга скопска општина.

Дополнително ќе ја разгледува ситуацијата и ќе донесе заклучоци дали и колку вработени и се потребни на општината и што ќе се прави со останатите.

Ова засега е единствен слуачај по завршување на локалните избори речиси 50 лица да останат без работа во локална самоуправа.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This