Со домати до здраво срце и убава кожа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доматите се главен прехрамбен извор на ликопен кој е силен антиоксидант, а поврзан е со бројни здравствени бенефити, вклучително намален ризик од срцеви болести и рак. Покрај тоа, доматите се богат извор на витамин Ц, калиум, фолати и витамин К.

Доматите можат да се јадат сирови, но и готвени без да ги изгубат лековитите својства. Јадењето на производи од домати е поврзано со подобрување на здравјето на кожата и со намалување на ризикот од срцеви болести и рак.

Болестите на срцето, како и срцевиот и мозочниот удар се најчестите причинители за смрт во светот. Во некои студии било откриено дека кај оние мажи со ниско ниво на ликопен и бета-каротен, ризикот од срцев и мозочен удар бил значително поголем за разлика од останатите.

Сè повеќе докази сугерираат дека додатокот на ликопен во исхраната може да помогне во лошиот холестерол. Исто така, доматите се покажале и добри во заштитата на внатрешниот слој на крвните садови и можат да го намалат ризокот од згрутчување на крвта.

ЗДРАВЈЕ НА КОЖАТА. Доматите се сметаат за исклучително корисни за здравјето на кожата. Ако вашата храна е богата со домати, односно ликопен, може значително да ја заштити вашата кожа од различни оштетувања и изгореници.

ЕВТИНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО ДОМАТ КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ПРОБАТЕ. Со оваа маска за лице вашата кожа повторно ќе блесне во полн сјај. Доматите се одлични за вашата кожа поради сите тие состојки кои ги содржи во себе.

ДОМАТОТ КАКО ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА АКНИ НА ЛИЦЕ. Кога ќе ви се појават акни на лицето, одбегнувајте ги сите видови на пилинг. Најдобро ќе ви користат само нежни средства за дезинфекција.

Цинкот кој се содржи во доматите ќе помогне да се сопре воспалението и полека ќе ги исуши акните со извлекување на гнојот на површината. Испасирајте зелен или црвен домат, па нансете ја доматната каша врз исчистена кожа и оставете да делува 20-тина минути пред да исплакнете.

МАСКА ОД ДОМАТ И ЈОГУРТ ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА: Испасирајте со виљушка еден домат, а потоа процедете го низ газа. Овојпат сокот можете да го испиете, а да го задржите цврстиот дел што останал во газата.

Пулпата од доматот помешајте ја со една или две лажици полномасен јогурт. Изедначете ја смесата, па нанесете ја на чисто лице. Бидејќи има абразивна структура не користите нагли движења и не притискајте, бидејќи ова не е пилинг.

Оставете ја маската да делува 10-15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Доматот бидејќи има кисела структура, може на правилен начин да ја одржува рН вредноста на кожата. Бактериите потешко навлегуваат и не можат да се создаваат акни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This