Со зеленило, фонтани и кафуле ќе се гаси жештината на покривот од ГТЦ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со зеленило, фонтани и кафуле ќе се гаси жештината на покривот од ГТЦ.Овој простор според термалната мапа на УНДП е најжешката точка во центарот на градот. Зелениот покрив ќе треба да придонесе за поголема отпорност од климатски промени и заштита на животната средина. Проектот ќе чини околу 32 милиони денари. Ќе го финансира градот Скопје а ќе го гради конзорциум од повеќе градежни фирми во избор на УНДП.

– За да се одржи одржлив раст и развој на градовите ќе мора да преземее значителни трансфорации во поглед на урбанистичкиот пристап и градењето. Главниот град Скопје е место во кој дневно доаѓа и живее една третина од населението во Македонија. Затоа треба да се преземат активности што поскоро. Ова е нова технологија со која што се дава осврт на новите опасности од климатските промени а тоа се топлотните бранови под кои што е загрозено Скопје.

Зелениот покрив ќе биде готов летово а за неговото одржување ќе се грижи ГТЦ како и сопственикот на кафулето кој ќе биде избран на оглас.

Површината на зелениот покрив е 1800 м2. Градот планира понатаму да го уреди и останатиот дел над ГТЦ. Општината Центар пак најави раззеленување на уште неколку други објекти во централното подрачје меѓу кои се една градинка и основно училиште.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This