Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на новогодишните празници посети десетина семејства во Скопје со цел да ги израдува најмладите членови со новогодишни пакетчиња.
Во претпоследниот ден од годината посетив десетина семејства во скопските општини Ѓорче Петров, Чаир, Гази Баба и Аеродром, стои во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, лидерот на паријата ВМРО-ДПМНЕ.
– Насмевките на дечињата се бесценети. Барем за миг малку повеќе среќа за сите. Скромно, но со искрено срце за малите по возраст, но големи во душа херои, пишува тој.