Со новата образовна концепција се внесува xаос, ученици кај различни наставници ќе учат различни работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Весна Јаневска која е претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со новата концепција за реформи во образованието, вечерва во Дневникот на Сител телевизија истакна дека освен тоа што ќе се учи без учебници по новата предложена концепција, без ниедно објаснување што ќе учат децата, а се воведува сексуално воспитување во второ одделение како изборен предмет, се внесува хаос, а ученици ќе учат различни работи кај различни наставници.

-Според концепцијата училиштата сами ќе ја организираат наставата според своите капацитети, наставниците без учебници, освен за првата група на предмети ќе користат многу извори и ќе се адаптираат и ќе предаваат тоа што тие сметаа дека е соодветно, Јаневска вели дека може да се случи во Прилеп предмет општествени науки да учат за Прва светска војна, додека во Битола ако наставникот смета дека Втора светска војна е позначајна, а ако се сретнат децата да не знаат дека учат де факто ист
предмет.

-Притоа со оваа концепција им се даваат изборни предмети на децата од второ одделение кога тие не можат сами да избираат затоа што родителите им се старатели, во кои предмети има и јога и пилатес, но и сексуално воспитување во второ одделение, без никаков детал за тоа што децата во тие 16 недели ќе учат ако го изберат или доколку го изберат, објасни Јаневска.

Јаневска дополни дека образовна реформа е потребна, но сепак нема потреба од интегрирање на предмети туку, интегрирање на наставни содржини, како и сите недоследности кои ги наброја мора да бидат предмет на јавна дикусија и експертски мислења, па затоа оваа концепција треба да биде отстранета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This