- Advertisement -
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.
На денешното рочиште одбрана треба да дава обвнетиот Александар Василевски-Нинџа, кој има предложено тројца сведоци. На минатото рочиште од правото да изнесат одбрана се откажаа обвнетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Питроповски.
Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.