СО ШТО СЕ ФАЛИ ШИЛЕГОВ?: Една иста улица за две години два пати ја платија и два пати ја поправаа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чисто за потсетување, улицата Александар Урдаревски во Бутел беше првата улица која Петре Шилегов почна да ја реконструира откако стана градоначалник на Скопје. Со таа фушерајска реконструкција, жителите на Бутел и Чучер Сандево добија улица која беше полоша од првичната состојба, пишува на фејсбук Александар Трајановски, претседателот на Градска Организација на Скопје на Граѓанска Опција за Македонија

Тогаш, тазе избраниот градски татко ја остави улицата „замачкана” со изговор дека треба уште завршен слој кој поради зимските услови најдобро ќе биде да се стави на пролет.

Тој завршен слој улицата Александар Урдаревски ќе го добие сега после две години, а според сликите подолу се гледа дека не се работи на завршниот слој и дека се отстранува фушерајот од пред две години.

Една улица, два пати платена и преправена за две години.

Околу атмосферската канализација со која Шилегов се фали на улицата Александар Урдаревски, истата е поставена и завршена од неговиот претходник.

Надзор и контрола на реконструкција и изградба на улици не се прави од викендица или кафана, чисто за да не се случи повторно некоја веќе направена улица повторно да ја преправаме и плаќаме за некоја година.

Чекор по чекор Шилегов се извежба, а ние граѓаните два пати плативме иста работа за две години.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This