Со 64 години ќе мора да се пензионира само јавната администрација?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Различните изјави за реформите во пензиското законодавство ја збунува јавноста. Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со различни изјави за една иста работа. Нејасно е дали пензионирањето со 64 години старост ќе важи за сите или само за јавната администрација.

„Носиме одлука за задолжително пензионирање со 64 години за сите притоа дамите, жените може да изберат доколку сакаат и на 62 години да заминат во пензија“, рече премиерот Заев.

„Тоа е закон кои ќе ги вклучи сите вработени во јавниот сектор“, изјави Јагода Шахпаска- Министерка за труд и социјална политика.

Иако за реформите околу пензионирањето се дебатира од формирањето на новата влада, на граѓаните засега не им е појасно што ќе се сака да се постигне и што тие би добиле од ова. Не им е јасно кој кога ќе се пензионира, но и што се случува околу можноста за откуп до пет години стаж, односно можноста да се пензионира и ан 59 односно на 57 години.

„Дефинитивно не знам со какви одлуки ќе заврши али сепак мислам дека е подобро е да се оди порано во пензија.“

„Со 62 и 64 години ама може да сменат, треба тој што знае да се праша не нас, обичните смртници. “

„Аминистрацијата ќе работи и до 80 години, а дали може и текстилецот да работи тој треба да се пензионира на 50 години“, реагираат граѓаните.

Најавната можност за откуп на пет години стаж за предвремено пензионирање се уште не е тема на дискуција во Владата. Законското решение според Шахпаска сѐ уште не се работи бидејќи прво треба за него да се дебатира. Засега не добивме одговор од страна стопанските комори каков е нивниот став за највените пензиски реформи и дали имаат нивни предлози.

Извор: Фактор

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This