Спасеновски: Јасно е дека кај сите претставници на опозицијата постои согласност за изгласување на нeдоверба на владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицијата поднесе иницијатива за недовреба на владата и оперира со бројка од 61 во парламентот што е сосема доволно за недоверба на владата, рече универзитетскиот професор Александар Спасеновски на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Во однос на кажувањата на Скендер Реџепи од Алтернатива дека нема да стави потпис заедно со Левица и оти тоа мислел дека ќе биде ЛДП, Спасеновски вели дека во процесот на носење на дефинитна одлука партијата Алтернатива само сака да остане во процесот што го почна.

„Кај Алтернатива може да се насети дека процесот во кој влегува Алтернатива има тендеции да има неповратен карактер. Но, ја разбирам партијата дека во духот на демократијата настапува процес несолгласувањата во Алтернатива да ги испеглаат, особено затоа што влезе во процеот за гласање на недоверба на Владата. Јас очекувам дека нема причини за промена на ставот на оваа партија што значи дека има желба да се има единствен став“, рече професорот.

Спасеновски се осврна и на ситуацијата во СДСМ и седниците на Извршниот и Централниот одбор.

„Првата обврска на Заев е дадена на 31 октомври дека се повлекува од премиерска функција и функција претседател на СДСМ. По ова тој молчи и сега граѓаните се прашуваат дали тоа ќе се реалзира. Денес пак тој најавува борба за сочувувавње на мнозинство. Можеби целта на СДСМ и ДУИ е да се сочува мнозинството но да има кадровски промени, но не знаеме што ќе се случи“, рече Спасеновски.

Доколку се повикуваме на изјавите на опозицијата, додаде професорот, очекувано е дека постои согласност за изгласување на недоверба на владата.

„Но, не знаеме дали ќе може да се направи влада поради разлики во идеологија на опозицисски партии“, рече Спасеновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This