Спасовски: Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека не се формира новата Влада, актуелната Влада ќе функционира и ќе работи со несмален интензитет во интерес на граѓаните, изјави попладнево на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.

Очекува дека наскоро ќе бидат објавени конечните резултати од изборите и ќе започне процесот на конституирање на институциите.

–Мислам дека сите политички субјекти да бидат многу повеќе одговорни од претходно бидејќи имаме држава која сега е во здравствена и сериозна економска криза. Затоа ни се потребни институциите, да имаме функционално Собрание и Влада која ќе има полн легитимитет за да продолжи со справување на целата оваа состојба. Исто така имаме и период во којшто треба да преговорите за членство со Европската унија. Сето ова бара да бидеме навистина сериозни во делувањето и носењето на одлуките, порача Спасовски.
Појасни дека по прогласувањето на конечните резултати, по сила на закон, престануваат функциите на сите технички министри и дополнителни заменици – минитри кои биле избрани согласно Законот на Влада.

Така што никој нема потреба да поднесува оставка бидејќи со објавувањето на конечните резултати нивниот мандат прекинува, истакна Спасовски

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This