Првиот човек на МВР, Оливер Спасовски не гледа проблем во ангажирањето на Шаќири во кабинетот на Премиерот. Од 2002-ра наваму, многу контраверзни личности учествувале во креирањето на владините политики- вели Спасовски.
-Прашањето е само што е тука контроверзно. Ако имавме состојба на воен конфликт којшто беше пред сè предизвикан од тоа што можеби немавме доволно сенс за интеграција на секој еден човек во општеството, тогаш навистина треба да бидеме прагматични во носење на одлуките и мислам дека во вакви услови пргматичноста е многу важна за подобрување на сите апсекти на општественото живеење во Македонија, рече Спасовски.
Ангажирањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа, за надворешен советник во кабинетот на премиерот Заев е негов личен избор- изјави претходно министерот Манчевски.