Во Министерството за внатрешни работи денеска министерот Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн, на која соговорниците разговараа за состојбата со пандемијата на Ковид-19 и беше потврдена меѓусебната поддршка и активностите кои се преземаат за спречување на ширењето на пандемијата.
– Спасовски изрази благодарност за досегашната успешна соработка помеѓу двете пријателски земји, како и за целокупната поддршка што Сојузна Република Германија и ја дава на Република Северна Македонија во делот на евроинтегративните процеси, со уверување дека и во наредниот период остануваме посветени на заедничките иницијативи и проекти од интерес за двете земји, како и продлабочување на соработката помеѓу двете министерства за внатрешни работи, соопшти Министерството за внатрешни работи.