СПАСОВСКИ РАБОТНО ВО БРИСЕЛ: Техничкиот премиер на средба со Метју Палмер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, за време на дводневниот престој во Брисел, оствари средба и со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер за време на разговорот изрази честитки за донесувањето на Законот за јавно oбвинитeлство, за Законот за одбрaна, како и за другите реформски закони кои ја приближуваат Македонија поблиску до позитивна одлука на ЕУ за старт на преговорите.

На средбата е поздравена определбата на Владата да го почитува и спроведува Договорот од Преспа и придобивките од него кои од Македонија направија значаен фактор на стабилност во регионот и лидер во регионална соработка.

Во разговорот со специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, е потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија.

Премиерот Спасовски на средбата ги повтори заложбите на нашата земја да гради силен капацитет на институциите за да се заокружат демократските реформи дома, како и да се интензивираат проектите за зајакнување на добрососедските односи во регионот.

Спасовски потенцираше дека Владата во претстојниот период е фокусирана на организирање фер и демократски избори, како и на владеењето на правото и на бopбата пpотив kopyпцијата.

Во разговорот меѓу претседателот на Владата Оливер Спасовски и специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, беше потенцирано дека Македонија очекува од ЕУ да ја исправи грeшката од октомври минатата година и да донесе заслужена одлука за старт на преговорите во март, и дека тоа го очекуваат сите граѓани зашто земјата испорача и дека сега е време ЕУ да испорача резултати и да донесе правилна одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This