СПАСОВСКИ: Ocтри kaзни за профитерите со дезинфициeнcи и маски за зaштитa од кopoна виpyсот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонредните контроли на пазарниот инспекторат не покажале злоупотреби со покачувањето на цените на средствата за заштита од коронавирусот. Од засега контролираните 100 аптеки ниту една не е казнета, информираа од Инспекторатот. Иако граѓаните изминатиот период реагираа дека маските и препаратите за дезинфекција неколкукратно се поскапени. Од здружението на приватни аптеки пак тврдат дека не се профитери туку ваквите суми се резултат на зголемување на цените од страна на добавувачите.

-Кој и на каков начин ги зголемува цените. Тоа ќе реагираме најостро како Влада, заради тоа што не може во рамки на една криза во С Македонија, некој да профитира. Ако мисли некој да профитира на сметка на граѓаните и на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже. Институциите ќе функционираат, таму каде што ќе видиме дека има сериозни пропусти и на кои што профитот им е поважен од здравјето на граѓаните, секако дека ќе следуваат соодветни санкции врз она што ќе го утврдиме, изјави техничкиот Премиер Оливер Спасовски.

Казните за ваква злоупотреба се движат од 1500 до 3000 евра.

Од Агенцијата за лекови досега не излегле во јавност да кажат дали некој профитира во целата ситуација и дали и тие вршат вонредни контроли.

Во Русија пак за покачување на цените на средствата за заштита од коронавирус Путин се закани дека ќе им бидат одземени лиценците за работа на аптеките.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This