СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК НА РУСИЈА ЗА БАЛКАНОТ: Сергеј Железњак ќе биде „министер за Балкан“ на Русија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија ќе определи специјален претставник за Балканот, или своевиден Министер за Балкан кој ќе има за цел одблиску да ја следи состојбата во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора, дознаваме од извори од една соседна Влада

putin_sojuz_informer

Како што дознаваме, пред неколку недели група на интелектуалци и новинари од овие четири земји потпишале декларација, односно барање до Рускиот претседател Владимир Путин со кое се бара како специјален преставник за Балканот да биде назначен Сергеј Железњак, инаку заменик – генерален секретар на партијата „Единствена Русија“, кој на крајот на минтата година во Белград го откри т.н. план „Б4“ за сојуз на неутрални држави на Балканот, во кој ќе бидат Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Овој предлог, односно заедничка декларација на Путин му била предадена од премиерот на една од овие држави, на што било позитивно одговорено.

За ваквиот расплет на ситуацијата зборуваше и Миленко Неделковски кој најави дека во наредните денови и официјално ќе биде објавена и презентирана оваа иницијатива, со која конечно би требало да се стави крај на невралгичните точки на Балканот.

Идејата за сојуз на неутрални држави на Балканот, ја образложи и Рускиот амбасадор во Р.Македонија, Олег Шчербак.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This