Спoсoбнoста на чoвeкoт за пpeпoзнaвaњe: Мoжe да пaмти илjадници лицa кoи ги cрeќaвa во сoврeмeнoто oпштeствo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на способноста на човекот за препознавање, тој може да памти илјадници лица кои ги среќава во современото социјално општество или на телевизија, откриле истражувачите од Универзитетот во Њујорк.

„Ние сме навикнати по лицата да препознаваме пријатели, колеги, познати личности и многу други секој ден, но никој досега не потенцирал колку всушност лица сме способни да препознаеме”, вели психологот Роб Џенкинс од Универзитетот во Јоркшир.

Затоа тој и неговите колеги побарале од учесниците во студијата да наведат што е можно повеќе лица од нивниот приватен живот. Потоа, им покажале илјада фотографии од славни лица за кои морале да одговорат кои од нив ги препознаваат, пренесува енаука.

Опсегот на лица кои учесниците успеале да ги препознаат или да се потсетат е голем, околу илјада до десет илјади.

Научниците веруваат дека оваа бројка, почетната точка за првиот човечки “фацијален вокабулар”, може да помогне да се развие софтвер за препознавање лица, онаков каков што се повеќе се користи на аеродромите и истрагите за кpиминaл. На научниците ова истражување би можело да им помогне за подобро разбирање на случаи како замена на идентитет.

Џенкинс вели дека не е невозможно некои луѓе да можат да научат како да запамтат и препознаат неограничен број на лица, под услов да имаат доволно пракса. Како аpгумeнт притоа нагласува дека мозокот има скоро неограничен капацитет за учење зборови и јазици. Ограничувањата во тој поглед претставуваат само учење, пракса и мотивација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This