СРБИТЕ СО ПЕТИЦИЈА ДО САД: Запрете ја поддршката на прогонот на православни хрисијани во Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедницата на американските Срби во рамките на проектот „Косово“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, и на Конгресот им предадоа петиција со повеќе од 35 000 потписи за запирање на прогонот на православните христијани во Косово.

Во петицијата се апелира САД да ја прекинат поддршката за прогон на христијаните и малцинските заедници во Косово, се вели во соопштението доставено до Танјуг.

На петицијате се потпишале и лидерите на заедницата на американски Срби, свештеникот на православната црква, претседателот на српското национално собрание како и многубројни сопственици на мали претпријатија, адвокати и правници.

Иницијативата за петицијата била покрената поради неподносливата ситуација во Косово и протерувањето на повеќе од 250 000 православни христијани, Евреи, Роми со цел да се создаде етнички чисто Косово.

Многу луѓе се убиени, куќи и фарми се ограбени, запалени и опустошени, а повеќе од 150 цркви и манастири целосно уништени. Христијаните во Косово се изложени на брутално насилство, лишени се од оснивните потреби за храна, лекови и медицинска опрема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This