Србија има пад од 2.5%, а ние бележиме пад од 5 до 6% од БДП, овие бројки говорат дека не е така розово како што власта прикажува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еве да се компарираме со Србија, со која што и во минатото сме се компарирале, еве и денес. Падот на БДП во Србија е 2.5%, а ние го немаме Извештајот од последниот квартал, и од вкупна 2020-та година целокупно колку изнесува падот на БДП. Но, тоа што имавме можност да го видиме од трите квартали некаде се движи од 5 до 6% од БДП. Е, сега ако една соседна Србија има пад од 2.5%, а ние бележиме пад од 5 до 6% од БДП, значи има нешто кое што не соодвестува со тоа што властите го зборуваат, нагласи Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во „Вин вин“ на телевизија Телма.

Јорданов додаде дека дополнително ние сме имале и други кризи. Еве, во минатото 2009-тата година финансиската криза која што го зафати целиот свет и регионот, но Македонија многу подобро ја помина. Падот на БДП на Србија исто во 2009-тата година е 2.5%, а во Македонија беше 0.5%.

– А, ако се навратам во 2020-тата година која што помина нето одливот на странски директни инвестиции од Македонија е 18 милиони евра, а во Србија и во Бугарија е 500 милиони евра нето прилив на странски директни инвестиции во 2020-тата година во време на здравствена и економска криза. Овие бројки говорат дека не е така розово како што власта прикажува, дека Македонија е пример во регионот, дека Македонија е пример во светот за надминување на здравствената и економска криза, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека власта во државата гради економија на нездрава основа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This