СРБИЈА ЌЕ ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО ДО КРАЈОТ НА 2019: Еве каков е планот на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Анонимен висок функционер од САД изјави дека нивниот план за меѓусебно признавање на владите на Косово и Србија треба да се оствари до крајот на 2019 година.


Признавањето ќе се постигне преку правно обврзувачка спогодба, пишува приштинската „Коха диторе“.

Тој додаде дека САД не можат да му гарантираат на Косово дека дел од спогодбата нема да се однесува на промена на границата.

Анонимниот извор исто така додаде дека и двете страни имаат право преговараат за прашањата што ќе се решат со спогодбата, меѓутоа САД нема да се согласи на било каква спогодба.

И покрај сите ризици и компликации што ги носи промената на границите на Балканот, САД вели дека тоа не треба да го спречи одвивањето на дијалогот.

САД нема буквално да ја диктира содржината на спогодбата, но ќе се залага за постигнување на одредени цели.

Анонимниот извор призна дека нема да биде лесно постигнувањето на договор, пред се поради карактерот на дијалогот, но возможно е со поголем ангажман од двете страни.

Тој неколку пати повтори дека признавањето е цел на спогодбата и дека тоа му е јасно ставено до знаење на српскиот претседател Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This