СРБОВ: СДСМ си ја финансира својата кампања и поткупува гласачи со парите на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со финансирањето на невладините организации за време на предизборен процес, обвинува Никола Србов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Милионските трансакции кои се одвиваат последниве денови отвораат сомнеж дека владата со парите на граѓаните купува гласови во пресрет на локалните избори. За само два дена од парите на граѓаните на сметките на невладините организации се префрлени 29.660.000 денари. На 26-ти септември на сметките на невладините организации се префрлени 16.450.000 денари. Утредента, на 27-ми септември на сметките на невладините организации се префрлени 13.210.000 денари. Претходно, во периодот откако се распишаа локалните избори, на сметките на невладините организации беа префрлени вкупно 26.125.000 денари. Со најновите трансакции, невладините организации кои учествуваа во т.н. шарена револуција и кои по насилен пат ја уриваа легално избраната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од парите на граѓаните добиле вкупно 55.785.000 денари. Владата има обврска да им соопшти на граѓаните каде се трошат нивните пари. Преплетеноста на работата на невладините организации со партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз, носи до заклучокот дека сега Социјалдемократскиот сојуз си ја финансира својата кампања и поткупува гласачи со пари на граѓаните, порача Србов.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This