СРЕДБА МИЦКОСКИ – САРАЗИН: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник Мануел Саразин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (06.03.2018) оствари средба со германскиот пратеник Мануел Саразин, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Германскиот Бундестаг.

На средбата двајцата соговорници се осврнаа на стратешките односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Мицкоски се заблагодари за севкупната поддршка дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на нашата земја.

Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евроатланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This