СРЕДБА НА ТЕРИТОРИЈА НА РЕЖИСЕРОТ: Во вторник средба Заев-Мицотакис во Њујорк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во вторник, на 24 септември, предвидена е средба на Зоран Заев со Кирјакос Мицотакис.

Ова ќе биде прва средба на премиерите на двете земји, откако по изборите во Грција на почетокот на јули годинава, имаше промена на власта кај јужниот сосед.

Кирјакос Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.

Во петок на 27 септември грчкиот премиер ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН.

Во грчката делегација што ја предводи премиерот на земјата, се и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис и заменикот МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This