Среде Москва се свиреше химната во наша чест: Интервју со младата балерина Нина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нина Димитриоска има само 13 години и осмо одделение, во ООУ „Коле Неделковски“ во Центар. Оваа млада скопјанка за свое хоби го одбра балетот и со истиот има постигнато многу успеси и награди. Има прошетано во многу градови низ Европа, а од многу места се има вратено со медали и награди.

# На колку години и како започна твојата приказна со балетот?

Со балет почнав да се занимавам на шест годишна возраст во балетското студио „ АРТ БАЛЕТ“ каде ги направив првите чекори во прекрасниот свет на балетската уметност. Тоа беше љубов на прв поглед која се уште трае и по осум години сум член на ова студио и редовно и со големо задоволство одам на часови.

# Дали на балетот гледаш како на хоби или како на идна професија?

Во моментов балетот за мене е хоби што не значи дека во иднина не може да ми стане професија. Јас го сакам балетот и продолжувам да танцувам.

# Од каде љубовта за оваа професија? Дали некој од семејството се занимавал со оваа уметност?

Никој од моето семејство не се занимава со оваа уметност, но на петгодишна возраст мајка ми прв пат ме однесе да гледам балетска претстава и во моментот кога ја здогледав балерината сфатив дека сакам да почнам и јас да танцувам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This