СРЕЌНОТО И ЗДРАВО ДЕТЕ СМЕЕ ДА ВИКА КОГА Е ЛУТО: Пуштете ги децата да покажат што чувствуваат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравото и среќно дете ги изразува своите емоции без ограничување, зборува гласно, без страв и знае дека плачењето „вреди“. Среќното и здраво дете смее да вика кога е луто, смее да ја удри перницата или креветот, но родителите го учат дека удирањето луѓе не е дозволено. Да му се забрани на детето да биде луто е страшно.

Постојат луѓе што не поднесуваат деца дури ни кога весело си играат бидејќи им пречи вревата, а да не споменуваме колку може да ги иритира дете што плаче или прави врева. И иако тоа никогаш нема отворено да го признаат, само погледнете ги нивните лица кога ќе сфатат дека ќе мора некое време да поминат во друштво на разиграни, нервозни, лути, изморени деца. Се прашувам дали некогаш биле деца? И би сакала да знаат дека среќното дете вреска, трча, скока, се смее и задева. И дека детето што седи мирно за време на посета кај пријатели е дете што сигурно не е среќно.

Толку молчење, всушност, може да биде повик за помош. Децата се одлични учители. Ве учат да кажете што чувствувате и да се смеете наглас и тогаш кога не сте среќни. Не сфаќајте го како невоспитаност тоа што детето е гласно, што истражува и експериментира, што е немирно и сака да проба сè. Не ме загрижуваат експресивните деца бидејќи тоа однесување е нормално за развојот. Оние што ме загрижуваат се возрасните што ги кријат своите емоции за да се вклопат и кои престанале да плачат бидејќи не сакаат сите околу нив да помислат дека се слаби.

Пуштете ги децата да покажат што чувствуваат!

– Нека вика

Ако го натерате да молчи, да зборува тивко и да остане мирно, на крајот ќе стане возрасна личност што ќе се плаши да ги изрази своите идеи, ќе биде несигурно во своите одлуки и ќе научи да ги потиснува своите емоции.

– Нека се смее

На светот му недостигаат искрени и заразни насмевки, па со време децата ќе научат дека постојат места каде што може да се смеат гласно и места на кои би требало да молчат. Малку по малку ќе ги научат социјалните правила, но денес, не одземајте му ја слободата на детето, ако вие веќе сте се откажале од неа.

– Пуштете го да плаче

Експертите велат дека плачењето е лековито и дека никако не треба да се казнува или игнорира. Ако детето сака да плаче, нека го направи тоа, особено во првите месеци од животот кога плачењето е единствениот јазик со кој детето кажува дека нешто му недостига и иако многу родители во тоа не сакаат да веруваат, тогаш манипулацијата е развојно невозможна, а детето не може никако да се разгали.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This