Српска лекарка објаснува зошто вакцинирани лица повторно се зapaзуваат со koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе вакцинирани граѓани во Србија се заразуваат со коронавирусот. Српска лекарка откри зошто е тоа така.

Д-р Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија во Србија, објасни дека на вакцините против коронавирусот им треба време да започнат со работа.

„Комплетен имунитет по две дози вакцина Синофарм, која ја примија најголемиот број граѓани, се јавува по околу еден месец“, вели Гњатовиќ.

Таа рече дека има пријавени случаи на заразување на граѓани помеѓу примање на две дози или веднаш по приемот на втората доза. Додава дека се очекува да постои можност за инфекција доколку го „фатите“ вирусот неколку дена по втората доза.

„Квалитетот на вакцините не смее да се доведува во прашање поради тоа, но едноставно нема механизам што ќе ве заштити се додека не се развие имунолошкиот одговор по вакцинирањето“, нагласува Гњатовиќ.

За оние кои ја примиле првата доза, а потоа се заразиле, се препорачува да се прими втората доза кога ќе оздрават.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This