СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВУЧИЌ СО АГЕНДА ЗА МЕРКИТЕ НА КОСОВО: Вонредни средби со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и членките на Квинтата, а подоцна закажа и седница на Советот за национална безбедност, по повод најновите мерки на Приштина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска попладне ќе оствари вонредни средби со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и членките на Квинтата, а за подоцна закажа и седница на Советот за национална безбедност, по повод најновите мерки на Приштина, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Приштина денеска, и покрај договорот на ЦЕФТА, ги зголеми таксите на стока од централна Србија за 100 проценти. Таквиот потег на Приштина српските власти го сметаат за „политички најпредизвикувачка и најтешка ситуација по нелегалното прогласување независност на Косово“.

Вучиќ прво ќе разговара со амбасадорите на Кина и Русија, а потоа ќе се состане со амбасадорите од земјите членки на Квинтата и со шефот на делегацијата на ЕУ. Подоцна попладне ќе се одржи и седница на Советот за национална безбедност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This