Српски Блиц: Косово со помош на Бајден конечно ќе расчисти со владеењето на ОВК

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косово наредните месеци ќе избира највисоко раковосдство. Следуваат прво вонредени парламентарни избори, а потоа на пролет и претседателски. Ако се суди според новиот претседател на САД Џо Бајден, тоа веќе избра – нов лидер во Приштина би можел да биде познатиот политичар и истакнат публицист Ветон Сурои.

А ако тоа се исполни, а би требало, зошто тоа што САД ќе го кажат, тоа Косово го остварува, Сурои би можел да биде знак дека Приштина конечно расчистила со децениското владеење на „ОВК коалицијата“, анализира Блиц.

Од каде Сурои се најде во центарот на вниманието, човекот кој пред три години одби одликување од Хашим Тачи? „Виновник“ е документот „Визија за односите со Албанија и Косово“ кој пред два месеци, во текот на кампањата за претседателските избори во САД, протече во јавност.

Произлезе од перото на Бајден, а во него скицирал како го гледа односот на Вашингтон и Косово, и се обврза дека ќе работи во партнерство со ЕУ на ревитализацијата на дијалогот меѓу Белград и Приштина, дека ќе инсистира и на тоа правдата за воените злосторства да се спроведува без страв, како и дека ќе бара полна и брза одговорност за исчезнатите, вклучувајќи ги и браќата Битиќи.

Сепак, една реченица привлекува внимание. Веднаш на почетокот на редовите, се најде името на Ветон Сурои:

„Ветон Сурои, поранешен косовски политичар и преговарач за независноста на Косово, рече за господинот Бајден: „Тој беше момче во Вашингтон кое можевме да го повикаме, дури и во раните 90-ти“.
Тешко дека името на овој најпознат косовски публицист случајно се нашло во визијата на Бајден. Познат е како човек кој ништо не остава на случајот, па овие редови би можеле да значат дека САД токму ќе заигра на името на Ветон Сурои и ќе му понуди да биде тој кој ќе помогне во исполнувањето на планот за Косово. Во превод, Бајден на тамошната актуелна гарнитура и порача да се тргне и да се обедини околу Сурои.

Останува потешкиот дел, тоа да се спроведе, смета политичкиот аналитичар од Приштина Фатмир Шехоли.

– Ветон Сурои е олицетворение за врвен интелектуалец и исклучителен познавач на албанско – српските односи. Сметам дека претседателот на САД Бајден го спомена Сурои токму во тој контекст за на политичарите на Косово да им испрати човечка порака која значи дека САД сакаат на местото претседател на Косово да видат таква личност која ќе им даде големо значење за иднината не само на српско – албанските односи, туку и на регионалните односи, вели Шехоли за Блиц.
Меѓутоа, додава тој, знаејќи го политичкиот дух на Косово, скептичен е дека лидерите на албанските политички партии ќе најдат обединување околу Сурои.

Ветон Сурои е син на истакнатиот косовски писател и новинар Рексаи Сурои, поранешен југословенски амбасадор во Боливија, Мексико и Шпанија, а во текот на 90-тите години од минатиот век истакната личност од цивилниот сектор на Косово. Втемелувач на најголемиот дневен весник на албански јазик Коха Диторе и независната телевизија КТВ, партијата ОРА. Беше еден од политичките лидери на Албанците на Косово и учествуваше во мировните преговори во Рамбуе (1999 година) и преговорите за статусот на Косово во Виена (2005-2007).

Косовскиот печат пишуваше дека му се нудел на претседателот на владата Хашим Тачи во 2011 за претседател на Косово, но тоа остана во доменот на шпекулации. Она што јавно се случи седум години подоцна е дека го одби орденот од Тачи, зошто смета дека Хашим Тачи нанел голема штета врз Косово.

Кон крајот на 2019 година медиумите на Косово пишуваа дека би можел да стане нов шеф на дипломатијата на Косово, зошто тој на косовските парламентарни избори се заложи за победа на опозициските партии, Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово.

Пред две години беше во Белград, каде во интервју за Блиц го критикуваше воведувањето на таксите, дека ЕУ треба да заземе посериозна улога во преговорите, но и дека концептот на разграничување има „гранапски пристап“.

Се заложи тогаш за создавање на мини Европска унива внатре на просторот на северот на Србија, преку Босна и Херцеговина до Албанија. Подоцна се слушаа и критики и дека една од пречките за развој на Косово е и „Србија со проруската политика, вооружувањето и мешањето во косовските прилики“.

Говорејќи за изборот на претседател на Косово после оставката на Тачи, кон средината на декември рече дека е исклучен изборот од „ковертот“, слично на случајот од 2011 година.

– Во оваа земја се е можно. Во оваа земја ништо не е исклучено. Овде се остваруваа сите негативни предвидувања. Она што е познато во оваа земја е дека може да се случи она што не може да се очекува, рече Сурои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This