Стефковски: Нajавувам нов почеток за рeaлизaција на гoлем број на пpoeкти и ги пoвикyвам гpaѓaните дa ce oбeдинимe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера, 03.11.2021 година, со свечена академија Општина Гази Баба одбележа 45 години од своето постоење.

На академијата се обрати градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој во своето обраќање истакна:

„Денес на одбележувањето на јубилејот, 45 години од постоењето на Општина Гази Баба најавувам нов почеток. Нов почеток за реализација на голем број на проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Општина Гази Баба. Нашиот народот е поделен по сите основи. Имаме делби од етнички, верски и политички причини. Поделби на леви и десни. Доста е од поделби. Ги повикувам граѓаните на обединување. Ајде сите заедно да се обединиме зад новиот почеток. За реализација на сите зацртани проекти. Повикувам на обединување и во составот на идниот Совет на Општина Гази Баба. Подавам рака на пријателство и соработка до секој еден советник, без разлика од која политичка партија доаѓа. Дајте ги вашите програми, вашите предлози и проекти и ајде заедно да работиме. На граѓаните на Општина Гази Баба им е преку глава од политика, новиот почеток на кој повикувам значи обединување на сите за развој и напредок на нашата Гази Баба“, истакна Стефковски.

За академијата, Градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This